Млада мајка загинала од кревет додека ја редела постелнината, ќерката се обидела да ја спаси

15.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Млада мајка загинала од кревет додека ја редела постелнината, ќерката се обидела да ја спаси

Мајката на две деца била заробена покрај креветот во фиока каде подоцна се задушила, а нејзината смрт подоцна била истражена на суд.

Според реконструкцијата на настанот, Хелен ги ставала чаршафите во фиока во спалната соба кога горниот дел од креветот ѝ паднал на глава.

Жената останала заробена меѓу рамката од креветот и душекот, во фиоката, без можност сама да излезе.

Ќерката Елизабета (19) го открила безживотното тело на мајка си откако се вратила од фризер.

На суд, девојката го опишала ужасното откритие и како изгледала нејзината мајка. „Нејзиното лице беше сино, а на вратот се гледаа трагите од рамката на креветот.“

Ќерката се обидела да ја спаси, а кога конечно ја извлекла од фиоката, сфатила дека ѝ нема спас, пишува Билд.

"Се плашев дека е мртва бидејќи не испушташе никаков звук. Почнав да ја оживувам но забележав дека не дише", рекла Елизабет.

Експерт подоцна утврдил дека она што ја убило Хелен е дефектниот механизам на креветот кој дозволува рамката на душекот да стои сама во воздух.

Високиот судски лекар Џереми Чиперфилд пресудил дека смртта на мајката е несреќен случај и дека таа паднала во фиоката од силата на горниот дел од креветот.

„Можете да видите дека таа се обидуваше да се спаси“, додаде тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата