На 19 јануари, младата мајка дошла во собата за итни случаи поради страшна главоболка, и ѝ било кажано да почека на ред. Медицинските сестри, наводно, ја посетиле три пати, а кога конечно бил достапен лекар да ја види и го повикале нејзиното име, мајката не се појавила во ординацијата.
Докторите прво помислиле дека се откажала од прегледот поради предолгото чекање, а потоа ја нашле како седи во несвест, покриена со капут во чекалната.
Таа итно била префрлена на интензивна нега, каде починала на 22 јануари, пренесува ЛБЦ.
Како што е откриено, жената починала поради внатрешно крварење.
Раководството на Универзитетската болница во Нотингем покренало внатрешна истрага по оваа трагедија.
Извор запознаен со случајот вели дека често 80 луѓе чекаат преглед, понекогаш и по 14 часа.
Д-р Кит Гирлинг, директор на болницата, изразил сочувство до семејството на трагично загинатата жена.
„Ќе се спроведе истрага во која ќе бидат вклучени членови на семејството. Во овој момент не можеме да дадеме повеќе детали“, најави докторот.