Милионер нокаутира жена среде улица во Њујорк- го снимила камера, а не е казнет (ВИДЕО)

10.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милионер нокаутира жена среде улица во Њујорк- го снимила камера, а не е казнет (ВИДЕО)

Џонатан Кеј (52) е снимен како удира неименувана жена во Бруклин, каде, како што пишува Дејли Мејл, живее во куќа вредна четири милиони долари. Засега не е познато што го предизвикало конфликтот меѓу нив.

На видеото се гледа како Кеј ја удира по лицето, а жената од силината на ударот заврши на земја. Се слушаат минувачи како му велат дека е „се*ко“ и го пцујат, што накратко му го привлекува вниманието, по што заминува.

„Овој тип денеска ме удри со тупаница по лицето и ми го скрши носот, може ли некој да го најде?“, пишува во описот на видеото.

Портпаролот на банката во која работи Кеј потврдил за Дејли Мејл дека тој е личноста на видеото и дека е покрената истрага.

„Свесни сме дека еден од нашите вработени беше вклучен во сериозен инцидент во Бруклин на 8 јуни“, соопшти банката.

Полицијата засега не соопштува ништо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата