- Пазарите се во драматична состојба што се заканува со понатамошна дестабилизација, рече Мерц.
Тој нагласи дека сега „поважно од кога било е Германија што побрзо да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц е за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.