Мерц ќе потпише договор за пријателство за време на првата посета на Лондон

17.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц ќе потпише договор за пријателство за време на првата посета на Лондон

Договорот од 27 страници главно има за цел да ја зголеми соработката во одбраната и надворешните работи, при што двете нации ја истакнуваат нивната обврска да се бранат една со друга во случај на напад, како што е предвидено со НАТО, пренесе ДПА. Берлин и Лондон, исто така, планираат да ја прошират соработката во одбранбеното производство.

Се очекува и нелегалната миграција да биде високо на агендата, со оглед на тоа што Британија со години се обидува да се справи со шверцот на луѓе преку Ла Манш. Минатата недела, Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон најавија нов договор за враќање на мигранти, кој треба да почне да се реализира за неколку недели и чија цел е да ги одврати мигрантите од опасното патување. Сепак, договорот сè уште е соочен со конечна правна проверка и консултации со ЕУ пред да може да тапи во сила.

Мерц и Стармер, исто така, треба да разговараат за економската соработка, бидејќи тие настојуваат да ги рестартираат германско-англиските врски по Брегзит, со кој Британија се повлече од Европската Унија во 2020 година.

Двајцата лидери се сретнале неколку пати откако Мерц положи заклетва на 6 мај, вклучително и за време на ненајавената заедничка посета на Киев заедно со Макрон и полскиот премиер Доналд Туск само неколку дена подоцна. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата