Мелони: Силно поддржувам палестинска држава, но не и нејзино предвремено признавање

26.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони: Силно поддржувам палестинска држава, но не и нејзино предвремено признавање

- Јас силно поддржувам палестинска држава, но не верувам дека треба да се признае нешто што сè уште не постои, изјави Мелони во интервју за весникот „Република“. Таа додаде дека таков чекор може да создаде лажна перцепција дека проблемот е решен, иако реалноста е поинаква.

Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, вчера рече дека Италија стои зад решението „две држави за два народа“, но дека признавањето на Палестина треба да се случи паралелно со признавањето на Израел од страна на Палестинците.

Во меѓувреме, над 200 пратеници од британската Лабуристичка партија потпишаа писмо со кое бараат од премиерот Кир Стармер да ја признае палестинската држава. Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела најави дека Франција ќе ја признае „Државата Палестина“ на Генералното собрание на ОН во септември. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата