- Можеме да потврдиме дека околу 10:00 часот денеска, еден маж е уапсен пред владината зграда, соопшти бриселската полицијата.
Директорот на Службата за односи со јавноста на премиерот Александер де Кро, Баренд Лејтс во изјава за весникот „Соар“ го потврди инцидентот.
- Лицето е однесено во полициска станица, изјави Лејтс, нагласувајќи дека при интервенцијата нема повредени полицајци.
Полицијата информира дека приведениот „наводно бил вооружен со нож“ и упатувал закани кон присутните припадници на воената полиција, кои го совладале.
- Неговите мотиви засега се нејасни, се наведува во полициското соопштение, при што се додава дека во тек е полициска истрага за случајот.
Идентитетот на приведениот засега не е соопштен./МИА