Маж во Германија е осуден на 15 години затвор, поради шверц на мигранти, седуммина загинале

5.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж во Германија е осуден на 15 години затвор, поради шверц на мигранти, седуммина загинале

Судот во покраината Баварија изрече казни за шверц со смртни последици, брзо возење со фатални последици и убиство од небрежност.

Мажот, кој е роден во сириската престолнина Дамаск, а од неодамна живеел во Австрија, признал дека во октомври 2023 година со минибус од Австрија за Баварија патувал со 22 мигранти, кои првично тргнале од Турција и Сирија. Минибусот требало да превезе девет патници.

Во текот на патувањето возилото со голема брзина удрило во некои препреки на патот, при што загинале седум мигранти, меѓу кои и едно шестгодишно дете кое било со нив. На почетокот на судењето обвинетите во најголем дел ги признаа обвиненијата.

Говорејќи преку својот адвокат, осудениот 25-годишник рече дека не сакал некој да биде повреден, а камоли да биде убиен.

Обвинителот побарал доживотна казна затвор по седум убиство и 15 обиди за убиство, како и утврдување на особено тешка вина. Со тоа практично би се исклучила можноста обвинетиот да биде ослободен по 15 години.

Во завршниот збор, адвокатот на осудениот побара неговиот клиент да биде осуден на 12 години затвор. „Како што јас го гледам тоа, ова беше чин на небрежност“, рече тој, осврнувајќи се на инцидентот како „многу трагичен сообраќаен инцидент“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата