Полицијата од Палм Бич одговорила на повик во Мар-а-Лаго кратко по полноќ, каде што осомничениот веќе бил во притвор со агенти на Тајната служба, објави NBC News.
Осомничениот, 23-годишниот Ентони Рејес, рекол дека скокнал преку оградата што го опкружува имотот за да „му го проповеда евангелието на Трамп“ и да „се ожени со Каи“.
Каи Трамп е 18-годишна внука на Трамп и ќерка на Доналд Трамп помладиот.
Според извештајот за апсење, Рејес признал дека нелегален влегол преку оградата.
Тој бил уапсен и минатиот декември за сличен обид за нелегален влез во истиот имот на Флорида.
Белата куќа не го коментирала инцидентот.
Рејес бил однесен во затворот во округот Палм Бич, а неговата кауција била одредена на 50.000 долари со строги услови - вклучително и забрана за каков било контакт со Трамп или членовите на неговото семејство, вклучувајќи ја и Каи Трамп.
Тој се изјаснил за невин на суд.
Ова не е прв пат имотите на Трамп во Флорида да бидат цел на безбедносни инциденти.
Минатата есен, еден човек од Флорида беше обвинет за обид за атентат врз Трамп на неговото голф игралиште во Вест Палм Бич, додека жител на Ајдахо, Ворен Џонс Крејзибул, беше обвинет за упатување смртни закани по телефон на адресата Мар-а-Лаго.