Маж и жена се најдени мртви во чамец за спасување по неуспешно преминување на Атлантикот

22.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж и жена се најдени мртви во чамец за спасување по неуспешно преминување на Атлантикот

Брет Клибери (70) и неговата сопруга Сара Паквуд (60) пловеле на нивната 13-метарска едрилица „СВ Терос“, но нивните тела биле пронајдени во чамец за спасување што пристигнал на островот Сејбл, Нова Шкотска, се вели во соопштението на Кралскиот сојуз на Канадската коњичка полиција (RCMP), пренесува CNN.

Двојката го напуштила пристаништето Халифакс во Нова Шкотска на 11 јуни на пат кон Азорските Острови, група португалски острови во средината на Атлантикот, на околу 3.200 километри оддалеченост.

Не е утврдено зошто двојката го напуштила бродот и влегла во чамецот за спасување, а истрагата е во тек, соопшти RCMP.

Островот Сејбл е песочна лента долга 27 милји на околу 460 километри југоисточно од Халифакс.

Познат е како „Гробишта на Атлантикот“ и таму се забележани повеќе од 350 бродоломи од 1583 година, според Поморскиот музеј на Атлантикот.

Брачната двојка Клибери и Паквуд се опишале себеси како авантуристи, а своите патувања ги документирале на каналот на YouTube наречен „Theros Adventures“.

Трагичното патување било дел од она што парот го нарекол нивната „Зелена одисеја“, за која Клибери рече дека има за цел да покаже дека е можно да се патуваат долги растојанија без согорување на фосилни горива.

„Имаме електричен брод. Го полниме моторот со соларни панели“, рече Клибери во видеото објавено на YouTube на 13 мај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата