Маск нуди работа во својот Секретаријат: Се работи 80 часа неделно, нема плата

15.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маск нуди работа во својот Секретаријат: Се работи 80 часа неделно, нема плата

Еден од лидерите на новоформираниот Секретаријат за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Илон Маск објави оглас за вработување во кој бара „револуционери со висок коефициент на интелигенција“ кои се подготвени да работат 80 часови неделно без надомест, објави Гардијан.

Тој на својата сметка на мрежата Х напиша: „Не ни требаат повеќе генератори на идеи со скратено работно време. Потребни ни се мали владини револуционери со супервисок коефициент на интелигенција, кои се подготвени да работат 80+ часа неделно под негламурозно намалување на трошоците“.

Тој додаде дека заинтересираните треба да испратат CV на неговиот профил на мрежата Х, додавајќи дека и неговиот колега ќе разгледа дел од апликациите.

„Навистина, ова ќе биде напорна работа, ќе создадете многу непријатели и нема да имате надомест. Колку голема работа!“, напиша Маск и додаде насмеан емотикон.

Маск претходно најави дека неговата цел е да го намали федералниот бирократски систем за една третина и да заштеди две милијарди долари од американската влада, велејќи дека за таков потфат потребно е да се минат „привремени тешкотии“.

Претходно оваа недела, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го објави назначувањето на Маск и Рамасвами за лидери на новиот Секретаријат за ефикасност на владата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата