Маск испитува како да го смени Стармер од премиерската функција во ВБ пред следните избори

9.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маск испитува како да го смени Стармер од премиерската функција во ВБ пред следните избори

Маск, најбогатиот човек на светот и близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, минатиот месец ја поддржа германската антиимигрантска партија пред изборите закажани за февруари и постојано ја коментираше британската политика, барајќи од Стармер да поднесе оставка.

Маск, наводно, размислува за начините на кои тој и неговите сојузници можат да ја дестабилизираат владата на Лабуристичката партија, барајќи информации за тоа како да изгради поддршка за алтернативни политички движења во Велика Британија со цел да се дојде до промена на власта, пишува весникот, повикувајќи се на извори.

-Неговиот став е дека самата западна цивилизација е под закана, изјави извор за весникот.

Маск претходно го обвини Стармер како директор на Јавното обвинителство меѓу 2008 и 2013 година дека не процесуирал група мажи кои силувале млади девојки.

Маск закажа и интервју со лидерката на партијата Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, кое денеска ќе се емитува во живо на мрежата „Х“.

Оваа недела, норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе изрази загриженост за вмешаноста на Маск во политичките работи на други земји, надвор од САД. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата