Масакр во Чикаго: Убиени родителите, двете деца, па дури и трите кучиња (ВИДЕО)

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масакр во Чикаго: Убиени родителите, двете деца, па дури и трите кучиња (ВИДЕО)

Во неделата вечерта, член на семејството ја известил полицијата и побарал од нив да го проверат семејството затоа што една од жртвите не се појавила на работа тој ден, изјави заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.

„Не веруваме дека сторителот во моментов е меѓу жртвите. Не се работи за убиство и самоубиство. Во куќата најдовме три кучиња, тие исто така беа застрелани и убиени“, рече Бурн вчера за време на прес-конференција, како што е соопшти  NBC News.

„Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи. Се уште не се знае дали се во брак, но тие се родители на двете деца кои беа застрелани. Познат е и идентитетот на малолетниците, но поради чувствителната природата на истрагата, не можеме да ги објавиме нивната возраст и пол“, додаде тој.

„Една од жртвите не се појавила на работа во 6 часот наутро во неделата и не одговарала на телефонски повици во текот на денот, поради што членовите на семејството биле загрижени“, соопшти полицијата. Телата биле откриени во неделата навечер. Детективите веруваат дека пукањето се случило помеѓу 21 часот во саботата и 5 часот наутро во неделата. Мотивот се уште не е познат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата