Марко Рубио ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи на маргините на АСЕАН

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марко Рубио ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи на маргините на АСЕАН

Средбата доаѓа во период на засилени тензии меѓу Вашингтон и Пекинг поради низа прашања – од нелегална трговија со фентанил, преку прашањето на Тајван, до развојот на напредни технологии.

Рубио вчера изјави дека доколку дојде до директна средба со Ван Ји, ќе ја отвори и темата за војната во Украина, како и други безбедносни прашања од меѓународно значење.

Средбата е закажана за 15:00 часот по локално време (9 часот по македонско време).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата