Марин Ле Пен: Ќе соработувам со новиот француски премиер Мишел Барние

8.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марин Ле Пен: Ќе соработувам со новиот француски премиер Мишел Барние

Во интервју за францускиот дневен весник „Трибун“, Ле Пен, зборувајќи за изборот на францускиот претседател Емануел Макрон да го назначи Барние за нов премиер, рече дека нејзината партија Национален собир не сака да врши опструкции.

Барние имаше долга политичка кариера, вклучително и министерска, беше и еврокомесар, но стана познат и како главен преговарач на Европската унија за Брегзит.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата