Марин Ле Пен е понижена- забраната за занимавање со политика не е единствената казна

31.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марин Ле Пен е понижена- забраната за занимавање со политика не е единствената казна

Оваа забрана ќе ѝ ги расипе надежите да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, но тоа не е единствената казна што ја доби.

Седејќи во првиот ред на судницата во Париз, Ле Пен не покажала никаква реакција додека главниот судија ја читал пресудата, пишува Sky News.

Таа претходно беше осудена на четири години затвор, од кои две се условни. Сепак, таа нема да оди во затвор.

Две години од казната ќе ѝ се сметаат со електронско следење, а казнета е и со 100.000 евра.

Марин Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија Национален собир се обвинети дека пренасочиле повеќе од 3 милиони евра од средствата на Европскиот парламент за да им платат на вработените во Франција помеѓу 2004 и 2016 година.

Судијата Бенедикт де Пертуис пресуди: „Утврдено е дека сите овие луѓе всушност работеле за партијата, дека пратеникот (ЕУ) не им дал никакви задачи“.

„Истрагите покажаа и дека тоа не се административни грешки... туку малверзации во рамките на системот формиран за намалување на партиските трошоци.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата