Малолетен убиец ја шокира Финска: Требало да убие уште соученици од списокот

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Малолетен убиец ја шокира Финска: Требало да убие уште соученици од списокот

Тој повторно се појави на суд и шокира со своето признание.

Имено, момчето кажало дека пиштолот го зел од сефот бидејќи знаел да го отвори. Исто така, тој користел пиштол и претходно кога пукал заедно со сопственикот на огненото оружје.

Обвинителот го прашал пред судот дали знае да наполни пиштол, а тој ладнокрвно одговорил дека знае.

„Знаете ли да извадите куршум од пиштол?“, било следното прашање на обвинителот, на кое момчето одговорило потврдно.

Тогаш момчето му објаснило дека претходно го користел со сопственикот на пиштолот кој наводно го научил како да наполни и испразни.

На сослушувањето момчето изјавило дека имал намера да убие уште деца кои ги имал на списокот и дека сето тоа е затоа што го малтретирале.

Исто така, малолетникот изјавил дека ноќта пред да го убие својот врсник, спиел со пиштолот до него.

Тој вели дека станал наутро, ги измил забите и се обидел да се разбуди. Спиел со пиштолот до него и го однел на училиште.

„Отидов да јадам затоа што бев гладен. Се обидов да изедам мало чоколадо и торта, но се чувствував лошо. Повраќав“, рече тој за време на судењето и додаде дека не може да каже од каде доаѓало тоа лошо чувство. .

Потоа тргнал во училиштето во Виертола.

Да потсетиме, тој по закон не може кривично да одговара бидејќи е помлад од 15 години, па веднаш по апсењето е предаден во Центарот за социјална работа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата