Авионот вчера околу 20 часот и 30 минути паднал во мочурлив простор во близина на автопатот, а причината ја утврдуваат Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација, пренесува АП.
До утрото, официјалните лица стигнаа до остатоците со воздушен чамец, а голем дел од авионот со две лица бил под вода.
Официјален претставник на канцеларијата на шерифот ги потврди медиумските извештаи за Асошиетед прес дека и двете лица се претпоставува дека се загинати.
Дополнителни детали, вклучувајќи го и идентитетот на жртвите, засега не се достапни.