Макрон во посета на Кина

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон во посета на Кина

Макрон во Пекинг, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се заложи за соработка за економските и трговските прашања, насочена кон постигнување рамнотежа која обезбедува „одржлив, солиден раст во корист на сите“.

Франција има за цел да привлече повеќе инвестиции од кинеските компании и да го олесни пристапот до пазарот за францускиот извоз. За време на посетата на Макрон предвидено е да се потпишат неколку договори во секторите за енергетика, прехранбена индустрија и воздухопловство.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа пречекани на аеродромот во Пекинг од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

За утре е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и заедно ќе учествуваат и на француско-кинескиот бизнис форум.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата