Макрон: Царините што ги наметнуваат силните држави се форма на уцена

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Царините што ги наметнуваат силните држави се форма на уцена

На Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља, Макрон истакна дека светската трговија треба да се врати на основните принципи на слобода и еднаквост, а не да се води преку „трговски војни“ и еднострани мерки.

- Царините што ги воведуваат економски најмоќните земји, често се обид да се изврши притисок – не праведна економска корекција, рече Макрон, не именувајќи директно ниту една земја.

Изјавата доаѓа во време на завршни трговски преговори меѓу ЕУ и САД пред рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп – 9 јули. Тој претходно најави нови глобални царини од 10 до 50 отсто, чие воведување привремено го одложи за три месеци.

Макрон повика и на реформа на Светската трговска организација, со цел таа да придонесе за борбата против нееднаквоста и климатските промени. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата