Макрон на гренландски изрази поддршка за островот

28.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон на гренландски изрази поддршка за островот

„Гренланд не е ниту на продажба, ниту може да се одземе. Гренландците ќе одлучат за својата иднина“, рече Макрон на гренландски, според официјален превод од Елисејската палата, пред да каже на дански дека „Франција ќе продолжи да стои зад Кралството Данска“, објавува „Ле Фигаро“.

Макрон прими претставници од Данска и Гренланд за јавно да ја потврди својата поддршка за Гренланд, кој е автономна данска територија за која американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја припои кон Соединетите Држави.

Францускиот претседател рече дека изјавите на Трамп за Гренланд се „стратешки повик за будење за цела Европа“, овој пат на неговиот мајчин француски јазик.

Макрон рече дека Франција „беше вчера, денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд.

Мете Фредериксен му се заблагодари на Макрон за „заштитата на фундаменталните вредности“ што ги делат Данска и Франција, за кои рече дека не може да има компромиси.

Таа го пофали „многу конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста на Арктикот.

Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, рече дека Франција стои зад Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека Гренланд „нема да го заборави тоа“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата