Макрон рече дека Франција, сепак, ќе биде подготвена да учествува во придружба на бродови кога ситуацијата ќе се смири, објави „Ле Фигаро“.
„Франција не ја избра оваа војна, ние не сме страна во овој конфликт“, повтори тој, нагласувајќи дека ставот на Париз е исклучиво одбранбен.
Зборувајќи за време на седницата на Советот за одбрана во Елисејската палата, Макрон рече дека целта на состанокот е да се разгледа ситуацијата на Блискиот Исток и воените последици од интервенцијата на САД и Израел во регионот.
„Нашите цели се јасни: заштита на нашите граѓани, нашите дипломатски и воени објекти во регионот“, рече францускиот претседател, додавајќи дека Франција сака да остане со своите партнери.
Тој изјави дека Париз дава поддршка со „многу јасна линија“ за да го ограничи ширењето на конфликтот колку што е можно повеќе, како и да обезбеди слобода на пловидба и поморска безбедност во регионот.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сојузниците во текот на викендот да помогнат во обезбедувањето на Ормутскиот теснец. Некои сојузници на САД, вклучувајќи ги Франција - Германија, Шпанија и Италија - изјавија дека немаат планови да испратат бродови за да помогнат во повторното отворање на Ормутскиот теснец.

