Макрон: Франција од ОН ќе бара иницијатива за слободна пловидба во Ормутскиот теснец

13.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Франција од ОН ќе бара иницијатива за слободна пловидба во Ормутскиот теснец

„Со отстранување на сите блокади и вистинско вклучување во овој тежок дијалог со Иран, мора да постигнеме безусловно повторно отворање на Ормутскиот теснец, без никакви такси за навигација“, рече Макрон синоќа во Најроби на крајот од француско-африканскиот самит, објавија француските медиуми.

Тој додаде дека е потребно да се продолжи дијалогот меѓу Техеран и САД за прашањето на иранските нуклеарни и балистички ракети, но и со учество на Европејците.

Макрон повика на целосно почитување на прекинот на огнот во целиот регион, наведувајќи дека е неприфатливо да се води војна во Либан, каде што Израел се бори против движењето Хезболах.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата