Мајка на две деца загина на Алпите- жичарницата ѝ ја закачи облеката и ја повлече (ФОТО)

5.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка на две деца загина на Алпите- жичарницата ѝ ја закачи облеката и ја повлече (ФОТО)

Трагедијата се случила вчера околу 11 часот, откако планинската жичарница ѝ ја зафатила облеката, пишува La Repubblica.

Се верува дека децата на несреќната жена го виделе падот во провалија. Лега паднала во долината Анзаска, област во Пиемонт популарна кај планинарите, која се наоѓа североисточно од Торино.

Жичарницата, која се користи само за транспорт на предмети, одеднаш се вклучила додека Лега го товарела багажот во неа. Жичницата ја повлекла повеќе од 50 метри преку работ на карпата. Откако жичарницата повеќе не можела да ја издржи тежината на 41-годишната жена, жената паднала. Сопругот на жртвата бил сослушан во локалната полициска станица.

Градоначалничката на Каласко Кастиљоне, Силвија Типалди изрази сочувство до семејството и рече дека е шокирана од трагичната смрт на жената. Типалди рече дека жичарницата била редовно проверувана и оти верувала дека трагедијата се случила случајно.

Семејството се обидувало да стигне до селото Дрокала, каде што има само неколку куќи. Се уште не се знае дали отишле таму бидејќи таму имаат роднини, пријатели или само поминувале. Скоро 400 метри е долга жичарницата што го поврзува селото со планината и поминува низ стрмна клисура. Со жичарницата обично управуваат две лица - едно на врвот и едно на дното.

На местото на страшната несреќа пристигнале повеќе од 100 лица од итната помош, вклучително и пожарникари, полиција и тимови за спасување на планина. Телото на 41-годишната жена е лоцирано и извлечено од клисурата со помош на хеликоптер и алпинисти.

Додека се утврдуваат околностите на настанот и додека се истражува дали се почитувани сите безбедносни мерки, жичарницата е запечатена. Пријавено е дека системот одеднаш започнал да работи сам, а причината допрва треба да се утврди.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата