На социјалната мрежа Икс објавено е видео на кое се гледа како Мадуро облечен во црна јакна со качулка и со лисици на раце е придружуван од агенти на ДЕА но и зборува на англиски.
Perp walked.pic.twitter.com/34iIsFUDdG
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) January 4, 2026
-Добра ноќ, Среќна Нова година.
Мадуро и неговата сопруга Селија Флорес беа заробени преку ноќ како дел од големата американска воена операција во Каракас. Се очекува пред федералниот суд во Менхетен венецуелскиот лидер да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека операцијата на американските сили во Венецуела ја следел „од час во час“, опишувајќи ја како да гледа „ТВ-шоу во живо“. На прес-конференција рече дека САД ќе ја водат Венецуела се додека не се направи разумна транзиција на власта.
-Доцна синоќа и рано утринава по моја наредба, вооружените сили на САД спроведоа извонредна воена операција во главниот град на Венецуела. Заробен заедно со неговата жена Селија Флорес, и двајцата сега се соочуваат со амриканска правда. Ќе ја управуваме земјата во период се додека не обезбедиме безбедна, правилна и разумна транзиција. изјави – Доналд Трамп - Претседател на САД.
Заедно со државниот секретар Марко Рубио и претседателот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, изнесоа детални информации за големата американска воена операција спроведена во текот на ноќта.
-Оваа мисија беше педантно планирана извлекувајќи лекции од децениските мисии во текот на последните години,- изјави – Ден Кејн – Здружен Генералштаб на САД.
Трамп се осврна на прашањето за експлоатација на нафта во Венецуела која има најголеми резерви на овој ресурс во светот. Рече дека американски компании ќе инвестираат за да се подобри уништената инфраструктура.
-Ние ќе продаваме нафта, веројатно во многу поголеми количини бидејќи тие не можеа да произведуваат многу затоа што инфраструктурата им беше лоша.- изјави – Доналд Трамп - Претседател на САД.
Бразил го осуди бомбардирањето на венецуелска територија, овој акт е опасен преседан за целата меѓународна заедница – порача претседателот Луиз Инасио. Шпанскиот премиер Педро Санчез порача дека не го поддржуваат режимот на Мадуро, но ни интервенција која го крши меѓународното право. Европската унија пак повикува на воздржаност и почитување на принципите на меѓународното право и на Повелбата на ОН во Венецуела.
-ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела. Под сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН мора да се почитуваат,-напиша високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
Низ многу земји голем број на венецуелци веќе се излезени пред амбасадите на САД. Негде се слави апсењето на Мадуро, некои пак ја осудија интервенцијата на Белата куќа.
-Сите се среќни бидејќи сите чекаа демократија и промена во Венецуела.
-Ова е само почеток на империјалистички воен нагон и не мислиме дека ова и служи на било кој од работничката класа овде или било каде во светот.
Во меѓувреме Врховниот суд на Венецуела ѝ наложи на потпретседателката Делси Родригез да ја преземе улогата вршител на должноста претседател во отсуство на Мадуро.
Родригез вчера повика на мир и единство во одбраната на земјата по заробувањето на Мадуро и рече дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на која било нација.

