Министерот за надворешни работи Кестутис Будрис објави дека тој и министерот за одбрана Довил Сакалиене му пишале на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, барајќи „итни мерки за зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана на Литванија“.
„На 28 јули, руски воен дрон го нарушил воздушниот простор на Литванија“, напиша Будрис на платформата X.
Дронот го виделе очевидци над делови од Вилнус, бил пронајден во воен тренинг центар на 1 август.
„За време на инспекцијата на леталото, беше утврдено дека носел експлозивна направа, која била успешно неутрализирана на лице место“, изјави за новинарите литванската главна обвинителка Нида Грунскијене.