Муси, критичарка на претседателот Каис Саид и претседателка на Слободна дестуриска партија, е во притвор од октомври 2023 година, кога беше уапсена пред претседателската палата поради наводен напад насочен кон поттикнување хаос.
Во тоа време, нејзината партија соопшти дека таа бара да поднесе жалби против декретите на Саид поврзани со изборите.
Претсудата од вчера против Муси е поврзана со овој инцидент.
Пресудата, која може да се обжали, доаѓа неколку недели откако десетици други опозициски политичари и бизнисмени беа осудени на до 45 години затвор по обвинение за заговор против државната безбедност во друг случај.
Опозицијата ја обвинува владата на Саид дека врши притисок врз судството за да ги замолчи неговите критичари.

