Како што објавија повеќе израелски медиуми, началникот на штабот на Хезболах, Али Табатабаи, е убиен во нападот денеска.
Нападот погодил деветкатна зграда во густо населен дел од предградието на Бејрут.
Либанскиот претседател Џозеф Аун ја повика меѓународната заедница „сериозно и енергично да интервенира за да ги прекине нападите врз Либан“ извршени од Израел.
Израелската војска извршува напади во Либан и покрај договорот за прекин на огнот од 27 ноември 2024 година, со кој заврши повеќе од една година конфликт, вклучително и два месеци отворена војна меѓу Израел и проиранското либанско движење Хезболах.

