Нападот, кој вчера погоди станбена зграда во Аито, претежно христијанско населено место, беше изведен далеку од областите каде израелската армија извршуваше илјадници напади врз вооружената шиитска исламистичка група Хезболах, пренесува Би-Би-Си.
Жителите соопштија дека таму живеело семејство кое неодамна било раселено поради војната. Либанската телевизија Ал Мајадин на платформата Икс објави дека ова е втор пат израелските сили да го напаѓаат северот на земјата.
Нападот што погоди мала станбена зграда во селото Аито, округот Згарта, е изведен во еден од најсеверните региони од моментот кога Израел ја изврши инвазијата на Либан претходно овој месец. Либанската милитантна група Хезболах претежно е присутна на југот на земјата и јужните предградија на Бејрут.