Летовите на десетици илјади Авганистанци со одобрени специјални визи за САД блокирани

26.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Летовите на десетици илјади Авганистанци со одобрени специјални визи за САД блокирани

Одлуката на американската влада да ги замрзне повеќето програми за меѓународна помош доведе до откажување на летовите за повеќе од 40.000 Авганистанци на кои им беа одобрени специјални визи за САД и сега се изложени на ризик од одмазда од талибанците, јавија светските агенции, повикувајќи се на адвокат и американски официјален претставник.

„Повеќето од блокираните се наоѓаат во Авганистан, додека останатите се во Пакистан, Катар и Албанија“, рече Шон Ван Дајвер, шеф на #AfghanEvac, главната коалиција на ветерани и групи за човекови права која работи со американската влада за евакуација и преселување на Авганистанците кои работеле за САД за време на 20-годишната војна.

Ван Дајвер рече дека не верува дека откажувањата на летовите биле намерни. „Сметаме дека тоа беше грешка. Тие се бореа заедно со нас. Тие пролеваа крв заедно со нас“, рече Ван Дајвер.

Речиси 200.000 Авганистанци беа населени во САД со специјални визи или како бегалци по повлекувањето на американските сили од Авганистан во 2021 година. Во извршната наредба потпишана неколку часа по преземањето на функцијата претседател на САД, Доналд Трамп ги замрзна сите американски програми за сместување на бегалци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата