Лавров: Западот оркестрира нова студена војна која се заканува да влезе во топла фаза

5.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров: Западот оркестрира нова студена војна која се заканува да влезе во топла фаза

- За да го вратиме НАТО на политичката сцена, по авганистанскиот дебакл ни требаше обединувачки непријател. Решението беше заживување на Студената војна, само што сега постои поголем ризик таа да премине во топла фаза, рече Лавров пред учесниците на состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) на Малта.

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха претходно денеска го нарече Лавров воен злосторник.

Сергеј Лавров денеска пристигна на Малта, во прва посета на земја од Европската унија од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Шефот на руската дипломатија, кој е под санкции на ЕУ, не ја посетил Унијата од неговото патување во Стокхолм во декември 2021 година, исто така на состанок на ОБСЕ, пренесуваат руските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата