Трагедијата се случила околу пладне на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија. Лавината погодила група од пет скијачи, јавуваат медиумите.
Двајца преживеале и со хеликоптер биле пренесени во болница.
Лавината неколку стотини метри ги влечеше скијачите кои загинаа по удолницата, нанесувајќи им фатални повреди.
Операциите за извлекување на телата се уште се во тек. Први интервенирале некои скијачи, кои ги извлекле мртвите од снегот. Меѓу нив била и медицинска сестра која се обидела да ги оживее, но за жал залудно.
„Тие беа однесени од лавина и ги влечеше по надолнината над 500 метри“, рече спасувачот.
In Piemonte una valanga travolge un gruppo di scialpinisti italiani. I corpi delle tre vittime trascinati nella neve per centinaia di metri. La valanga si è staccata da Punta Valgrande, a Trasquera, a 2800 metri pic.twitter.com/d7iE1qnoYl
— Tg3 (@Tg3web) January 12, 2025
На подрачјето над 2.100 метри е издадено предупредување за „значителна опасност од лавина“.