Куртулмуш: Сведоци сме на распаѓање на меѓународниот поредок

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куртулмуш: Сведоци сме на распаѓање на меѓународниот поредок

Светските конфликти во изминатите неколку години претставуваат колапс на меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна, изјави денеска претседателот на турскиот Парламент, Нуман Куртулмуш, на парламентарниот самит на Иницијативата за три мориња (3SI), што се одржува во Загреб.

„Сега е кристално јасно дека хуманитарната катастрофа во Судан, четиригодишната војна во Украина, геноцидот во Газа и војната што ја наметнаа Израел и САД врз Иран не претставуваат само криза, туку и длабок распад на меѓународниот поредок воспоставен по 1945 година“, рече Куртулмуш.

Тој нагласи дека руската војна во Украина претставува главна закана за регионот на Црното Море и дека Турција ја изрази својата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, вклучително и Крим, од почетокот на војната.

Тој повика на осуда на „злосторствата извршени против палестинскиот народ“, промоција на воспоставување независна држава Палестина и крај на американско-израелската војна против Иран, која, според него, предизвикува огромна штета на цивилното население и инфраструктурата во Иран и земјите од Персискиот Залив, како и го нарушува морскиот сообраќај во Ормуската теснина.

Куртумлуш додаде дека состанокот во Загреб е особено значаен за Турција, која учествува на него за првпат како стратешки партнер и за која поврзаноста е клучен приоритет, како и за земјата со најдолг брег на Црното Море, која е посветена на продлабочување на своите врски со Иницијативата, објави Хина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата