Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка на алијансата за можен воен конфликт со Русија

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка на алијансата за можен воен конфликт со Русија

- Воената активност на НАТО ја оценуваме како дел од подготовките за воени конфликти со Русија, рекол Грушко, пренесе Тас.

- Ако го погледнеме фокусот на овие вежби, концептот, структурата на распоредувањето на силите, самите сили, нивниот квалитет, задачите што се поставени за овие вежби, тогаш е јасно дека станува збор за борба против споредлив противник, наведе тој.

Овој месец се одржува BALTOPS – годишната воена вежба на НАТО во Балтичкото Море и околните региони.

Овогодишниот BALTOPS 25 е најголема годишна поморска воена вежба на НАТО во Балтичкиот регион, која се одржува од 3 до 20 јуни 2025 година.

Во вежбата учествуваат околу дваесет држави, повеќе од 40 бродови, 25 авиони и приближно 9.000 припадници на вооружените сили. Главниот акцент е на интеграцијата на беспилотни летала (UAV) во поморските операции, како и на заедничкото увежбување на способности како што се амфибиски операции, противвоздушна одбрана, противподморничко војување, противмински мерки, медицинска евакуација и заедничко спасување на персонал.

Вежбата се спроведува на широко подрачје на јужниот Балтик, од Данските Теснеци и Јутландскиот Полуостров до Заливот Гдањск, а вклучува и бојно гаѓање на поморски полигони. BALTOPS 25 дополнително ја зајакнува интероперабилноста и подготвеноста на НАТО сојузниците и ја демонстрира заедничката способност за одбрана и зачувување на слободата на пловидба во регионот, особено во година кога НАТО ја одбележува 75-годишнината. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата