Кремљ: Русија е охрабрена од разговорите со САД за Украина

5.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ: Русија е охрабрена од разговорите со САД за Украина

Кремљ наведе дека чека „реакција од нашите американски колеги“ на разговорите.

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјави дека се гледа напредок во разговорите, што е охрабрувачки.

- И подготвени сме да ја продолжиме соработката со овој американски тим, истакна Ушаков.

Тој не ја исклучи можноста за средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во блиска иднина.

- Европејците постојано поставуваат барања кои се неприфатливи за Москва и не придонесуваат за решавање на конфликтот во Украина. Благо кажано, Европејците не придонесуваат за напорите на Вашингтон и Москва за решавање на конфликтот во Украина, посочи Ушаков.

Рускиот претседател Владимир Путин на 2 декември во Москва имаше петчасовен разговор со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Како што соопшти Кремљ, Путин прифатил некои елементи од американскиот мировен план.

Путин повторно побара Русија да има целосна контрола над украинскиот регион Донбас. Тој посочи дека ако не се повлече украинската армија, Москва со сила ќе го заземе Донбас, дел од Украина кој се состои од два региона, Доњецк и Луганск.

Украина сака моментален прекин на огнот и го обвинува Путин дека се преправа дека е заинтересиран за мировни преговори, а воедно ја продолжува војната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата