Кремљ: Путин на 4 и 5 декември ќе престојува во Индија

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ: Путин на 4 и 5 декември ќе престојува во Индија

- Посетата ќе овозможи разговор за сите различни аспекти на руско-индиските односи и нивното посебно стратешко партнерство, како и за дискусија за актуелни меѓународни и регионални теми, се наведува во соопштението од Кремљ.

Посетата на Путин на Индија предвидено е да заврши со потпишување заедничка декларација и трговски договори. Исто така се очекува средба на Путин со индискиот премиер Драупади Мурму.

Индија е една од најголемите увознички на нафта во светот, а по руската офанзива врз Украина во февруари 2022 година, Њу Делхи купува руска нафта по пониски цени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во август ги зголеми царините за 50 проценти за поголемиот дел од увозот од Индија, обвинувајќи ја за финансирање на руската војна. Царини на Трамп доведоа до влошување на односите меѓу Индија и САД, кои преговараат за договор за слободна трговија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата