Дмитриј Песков истакна дека за сега не е планиран разговор помеѓу двата лидери.
Трамп во вчерашното интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и „бесен“ на Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.
- Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп и најави разговор со Путин следните денови.
Путин неодамна го отфрли предлогот на Трамп за безусловен прекин на огнот во Украина, кој Киев го прифати под притисок на САД.
- Продолжуваме да работиме, првенствено на воспоставување билатерални односи, а работиме и на спроведување на одредени идеи во однос на украинското решение, истакна Песков, додавајќи оти „тоа е долг процес, веројатно поради сложеноста на случајот“.