„Косово НЕ ТРЕБАДА БИДЕ УСЛОВ за Србија, таа е најважната земја во Западен Балкан“

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Косово НЕ ТРЕБАДА БИДЕ УСЛОВ за Србија, таа е најважната земја во Западен Балкан“

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави дека прашањето за Косово не треба да биде услов за евроинтеграциите на Србија и вети дека за време на унгарското претседателство со ЕУ, во втората половина на 2024 година, ќе има поголем напредок на патот на Србија кон ЕУ, доколку тоа не се случи порано.

„Држиме скрстени прсти за успех на дијалогот меѓу Србија и Косово и веруваме дека оваа ситуација може да се реши само со преговори. Но, ние не го прифаќаме прашањето за Косово како услов за европска интеграција на Србија“, изјави Сијарто во Њујорк.

Тој изјави дека ЕУ во моментов, за жал, е во многу лоша состојба.

„Ние, Унгарците, сме за зајакнување на ЕУ. На прашањето како можеме да ја зајакнеме Унијата, нудиме одговор, а тоа е проширување. Колку што можеме да се прошириме, ќе бидеме посилни“, убеден е Сијарто.

Во оваа смисла, тој посочува дека на Европа и треба што поскоро да се приклучи Западен Балкан.

„Најважната земја на Западен Балкан е Србија. Во интерес на Европа е Србија што поскоро да се приклучи. Не можеме да го прифатиме однесувањето на Брисел и на некои западни земји кон Србија, бидејќи навистина веруваме дека на Унијата и е потребен Западен Балкан повеќе отколку на регионот Унијата“, рече Сијарто.

Затоа се надева дека веќе оваа година ќе биде забележан напредок во однос на процесот на пристапување на Србија во Унијата, пренесува Спутник.

„Ако тоа не се случи, тогаш следната година, за време на унгарското претседателство, ќе преземеме огромни чекори. Можам да ви го ветам тоа“, рече Сијарто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата