Кирби: Бајден се обраќа на ГС на ОН за унапредување на интересите на САД и сојузниците

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кирби: Бајден се обраќа на ГС на ОН за унапредување на интересите на САД и сојузниците

Претседателот на САД Џо Бајден доаѓа на 78. Генерално собрание на ОН за унапредување на американските интереси и вредности и ангажирање на низа прашања, од мобилизација на финансиски ресурси за развој и инфраструктура на глобалниот Југ, да галванизира соработка за справување со климатските промени до зајакнување на глобалната подршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина додека таа се брани од руската воена агресија, изјавија синоќа од Белата куќа. 

Според Џон Кирби, координатор за сратешки комуникации при Советот за безбедност во Белата куќа, претседателот ќе се обрати од позиција на силни и уверени САД со силни сојузници и нови партнери, визија за институционални реформи во ОН и во Светската банка и со иницијативи да се подобри инфраструктурата, здравството, климата и други глобални јавни добра,  

Обраќањето на Бајден пред ГС на ОН  се очекува денеска претпладне, а потоа тој има закажано средба со претседателите на пет земји од Централна Азија, кога „за првпат ќе одржи самит со лидерите на Казакстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и  Узбекистан“, посочи Кирби синоќа на прес брифингот во Њујорк. 

-На овој инаугурален Ц 5+1 претседателски самит, лидерите ќе дискутираат за низа прашања, од регионална безбедност, трговија и комуникации до климатски проблеми, секако и за тековните реформи за подобрување на власта и владеењето на правото, изјави тој. 

Бајден во Њујорк ќе го одржи и традиционалиот прием за светските лидери „каде ќе има прилика за ангажман со десетина претседатели и премиери“. 

-Во среда, претседателот ќе има билатерални средби со претседателот на Бразил Лула, при што ќе му се придружи со работнички лидери од Бразил и САД да ја истакне централната улога што работницита ја играат за одржлив, демократски, еднаков и мирољубив свет, изјави Кирби. 

Бајден утре ќе има средба и со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху при што ќе дискутираат за низа билатерални и регионални прашања. 

-Фокусирани на нашите заеднички демократски вредности и визијата за попросперитетен и поинтегриран Блиски Исток, како и да споделат забелешки за тоа колку ефективно му се спротивставуваме на Иран, изјави Кирби. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата