Поранешниот уредник на списанието „Гуангминг дејли“ Донг Џуџу (62) бил приведен од полицијата во Пекинг во февруари 2022 година додека бил на ручек со јапонски дипломат, се вели во соопштението на Националниот прес-клуб на Соединетите Американски Држави, а подоцна е обвинет за шпионажа.
За време на судењето, најмалку седум полициски автомобили бile паркирани пред судот во Пекинг, а новинарите на Ројтерс биле замолени да ја напуштат областа, додека американски дипломат изјавил за агенцијата дека му било забрането да присуствува на сослушувањето на Донг Џуџу.
Донг Џуџу е задржан во затвор во Пекинг и чекал судење по претресот зад затворени врати во јули 2023 година.
China sentences journalist to jail on spy chargeshttps://t.co/IWgp2To3oa
— City Mirror (@citymirrorKE) November 29, 2024
Јапонскиот дипломат со кој бил на ручек кога бил уапсен, исто така бил приведен и неколку часа задржан во полиција, што предизвика силни поплаки од јапонското Министерство за надворешни работи.
Во тоа време, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека јапонскиот дипломат учествувал во активности „неусогласени со неговиот капацитет“ во Кина, а јапонскиот дипломат подоцна бил ослободен од притвор.
Осудениот кинески новинар бил визитинг професор на Универзитетот Кеио и Универзитетот Хокаидо во Јапонија, а според изјавата на семејството во април 2023 година, во 1987 година се приклучил на „Дејли Гуангминг“, кој е поврзан со Кинеската комунистичка партија.
Негово ослободување побарале повеќе невладини организации за слобода на медиумите, а онлајн петицијата за ослободување е потпишана од повеќе од 700 новинари, академици и членови на невладини организации.