Кинеската компанија „ПетроКина“ закупи терминал за течен плин во Ротердам

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинеската компанија „ПетроКина“ закупи терминал за течен плин во Ротердам

Капацитетот на терминалот е две милијарди кубни метри, а кинеската компанија на јавен тендер обезбеди 20-годишна концесија.

„ПетроКина“ очекува терминалот да почне со работа во 2026 година, се наведува во соопштението на социјалната мрежа ВиЧет (Wechat).

Тоа е прв договор на оваа компанија за долгорочен закуп на терминал за течен гас (LNG) во Европа.

„ПетроКина Интернационал“ е филијала на кинеската државна компанија за нафта и гас CNPC и најголем увозник на гас во Кина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата