„Кина ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат своите воени операции, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите, да ја одржат безбедноста на морските патишта на Ормускиот теснец и да спречат ситуацијата да има поголемо влијание врз глобалната економија“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, на редовната прес-конференција.
На почетокот на 2025 година, Кина беше водечка дестинација за транзит на нафтата низ теснецот, објавија светските медиуми.
Во последниве години, Кина е водечки увозник на иранска нафта.

