Кина испраќа специјален пратеник да посредува во конфликтот на Блискиот Исток

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина испраќа специјален пратеник да посредува во конфликтот на Блискиот Исток

Кина ќе испрати специјален пратеник на Блискиот Исток да посредува во конфликтот кој непрекинато се заострува, потврди денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговори со неговите колеги од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, соопшти кинеското Министерство за  надворешни работи.

Ванг, како што наведува министерството, во разговор со саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал Сауд, ја пофали воздржаноста на Саудиска Арабија и нејзината инсистирање за мирно решавање на несогласувањата.

Во одвоен разговор со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, Ванг рече дека „црвената линија“ за заштита на цивилите во конфликти не смее да се премине.

Тој нагласи дека невоените цели не треба да бидат нападнати, вклучително и енергетските цели, и повика на заштита на безбедноста на поморските патишта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата