Ким Џонг Ун изјави дека Северна Кореја планира проширување на нуклеарниот арсенал

10.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ким Џонг Ун изјави дека Северна Кореја планира проширување на нуклеарниот арсенал

Ким за време на говорот по повод денот на основањето на земјата рече дека залихите на Северна Кореја треба експоненцијално да се зголемат.

- Сега совршено ја спроведуваме политиката за изградба на нуклеарни вооружени сили за зголемување на бројот на нуклеарно оружје со геометриска прогресија, ја цитира КЦНА изјавата на Ким.

Тој ги обвини „непријателските“ сили дека сакаат да ја нападнат Северна Кореја со нуклеарно оружје, без да прецизира на кои земји мисли ниту да обезбеди докази, пренесе ДПА.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Северна Кореја моментално поседува околу 50 нуклеарни боеви глави, иако точниот број не е познат./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата