Хутите осудија 17 луѓе на смрт поради шпионажа

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хутите осудија 17 луѓе на смрт поради шпионажа

Според јеменските медиуми, осудените за шпионажа, кои ќе бидат погубени со стрелање, „на непријателите им пружиле информации за десетина локации поврзани со државни претставници, нивното движење и разузнавачки податоци за ракетите, локациите за нивно лансирање и складирање, а во исто време помагале и во регрутацијата на неколку граѓани“.

Проиранските бунтовници од 2014 година контролираат поголем дел од територијата на Јемен. Тие во главниот град на Јемен воспоставија свои институции, а меѓународно признатите јеменски власти ги протераа во Аден.

Од октомври 2023 година, кога почна војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата