Хутите еднострано ослободија 153 воени затвореници

25.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хутите еднострано ослободија 153 воени затвореници

Хутите вчера најавија ослободување на затвореници, како дел од напорите за намалување на тензиите по постигнатиот Договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тие на почетокот од неделата соопштија дека ќе ги ограничат нападите врз бродови во Црвено Море и ги ослободија 25 члена на екипажот на бродот „Галакси лидер“, што беше запленет во ноември 2023 година.

Но, Хутите вчера уапсија седум Јеменци вработени во Обединети нации.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа побара итно ослободување на седумте вработени во ОН, како и на други вработени во светската организација, од кои некои се заложници од 2021 година.

- Продолженото таргетирање на персоналот на ОН и нивните партнери негативно влијае на нашата способност да им помогнеме на милиони луѓе кои имаат потреба во Јемен, истакна синоќа Гутереш, нагласувајќи дека Хутите мора да ги исполнат своите претходно преземени обврски и да дејствуваат во најдобар интерес на јеменскиот народ и за постигнување на мир во земјата.

ОН ја прекина својата работа во Јемен, каде што обезбедуваат храна, лекови и друга помош за една од најсиромашните земји во светот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата