Сендрик С. бил уапсен на 2 јануари, денот кога ја убил својата трета жртва, 81-годишен маж, пишува Dutch Times.
Тој сега призна дека ги убил сите три лица, вклучително и 58-годишен маж на 21 декември и 63-годишен маж само една недела подоцна.
Во сите три случаи, на жртвите, кои најверојатно биле избрани по случаен избор, осомничениот им пришол и им пукал во грб. Мотивот за убиствата не е познат.
Rotterdam shooter admits to killing three people in two weeks https://t.co/0yAyOo5Uzf pic.twitter.com/ZuGrjn1ZWN
— DutchNews.NL (@DutchNewsNL) April 4, 2025
Официјалните лица од Холандија, исто така, успеале да го пронајдат пиштолот откако осомничениот се обидел да се ослободи од него фрлајќи го од балконот. Судењето ќе продолжи на 24 јуни.