Холанѓанец осуден на три години затвор во Русија за напад на полицаец

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холанѓанец осуден на три години затвор во Русија за напад на полицаец

Хари Јоханес ван Вурден беше уапсен и ставен во домашен притвор по расправија со полицаец во центарот на Москва во октомври.

Се наведува дека Ван Вурден „удрил полицаец по лице по расправија за соборен патен знак“.

Московскиот суд го прогласи Ван Вурден за виновен за „употреба на насилство врз владин функционер“.

За тоа дело законот предвидува максимална казна затвор од пет години. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата