Холандски суд: Непроценлива колекција на кримско злато да се врати во Украина (ВИДЕО)

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холандски суд: Непроценлива колекција на кримско злато да се врати во Украина (ВИДЕО)

Таканареченото скитско злато било позајмено на музејот Алард Пирсон во Амстердам непосредно пред Москва да го анектира полуостровот во 2014 година.

По анексијата, и Украина и четирите музеи на Крим побараа да им биде вратено богатството, па музејот одлучи да ја остави одлуката на судот. „Музејот Алард Пирсон мора да ги предаде уметничките богатства на Украина, а не на музеите на Крим. Украина има легитимен интерес да го заштити своето културно наследство“, објави судот.

Музејот Алард Пирсон сѐ уште не објавил кога ќе им го предаде скитското злато на украинските власти, пишува Гардијан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата