Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Валдекамп рече дека одлуката е донесена поради постојаните повици на Смотрич и Бен Гвир за насилство врз Палестинците, објави „Тајмс оф Израел“.
Според него, тие активно ги охрабрувале нападите на доселениците и го поддржувале „етничкото чистење“ во Газа.
Како одговор на забраната, Бен Гвир на социјалните медиуми рече: „Дури и ако ми биде забранет влезот во цела Европа, ќе продолжам да работам за нашата земја“.
Тој ја критикуваше Европа за она што го нарече нејзина „толеранција кон терористите и бојкот на израелските лидери“, нарекувајќи го тоа двојни стандарди.
Смотрич ја обвини холандската влада дека „попушта пред лагите на радикалниот ислам“.
-Она што не го разбираат во Холандија и другите европски земји е дека за мене е многу поважно од влегувањето во Холандија моите деца, внуци и правнуци, како и децата на сите Евреи во светот, да можат да живеат безбедно во Државата Израел со децении и векови што доаѓаат, објави Смотри на „X“.
Забраната за влез доаѓа еден ден откако холандскиот премиер Дик Шоф објави дека неговата влада разгледува дополнителни мерки против Израел, како дел од поширокиот европски притисок врз хуманитарната ситуација во Газа.
ЕУ, исто така, предложи делумно прекинување на финансирањето за израелските истражувачи.